Нова песна на СППМД-Кавадарци
Во рамките на проектот "Creativity Creates Change" кој е дел од европската програма Еразмус плус, Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци ја промовираше песната „Љубов“.
Песната е во изведба на волонтерите на Советот на превентива против малолетничка деликвенција, Марјана Пешиќ, Момир Колев и Цеце Христова, додека за продукцијата на музиката се погрижи DV Sound од Кавадарци.
Проектот "Creativity Creates Change" го имплементира организацијата КОМ 18 од Ниш, а покрај СППМД во истиот учество земаат и волонтери од Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Ирска и Белгија.