ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ТРИФУН УТРЕ ВО 12 ЧАСОТ КЕ БИДЕ ОТВОРЕНА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА НАШИОТ ЕМИНЕНТЕН ЛИКОВЕН УМЕТНИК ВЛАДИМИР ТЕМКОВ-ШЕФЕ
Велат дека малите нешта се суштината на живот. На малите нешта секогаш повеке им се радуваме. И да не заборавиме најсилните отрови секогаш ги има само во мали пакувања. Во уметноста, на пример во сликарството сликите во мал формат се подеднакво важни како и оние во голем формат. Утре, петок во 12 часот во фоајето на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ке биде отворена самостојна изложба на Владимир Темков насловена како „Големи и мали“. Некои уметници ова време - невреме го искористија да му се посветат малку повеке на сопственото индивидуално творештво. Резултатите од ова творештво на Темков ке можете од утре да ги видите во галеријата на Домот на културата. Можеби некого насловот на изложбата ке го потсети на детството кога во маалото знаеја да се поделат на големи и мали но Темков од друга страна сака да укаже дека и сликите со мал формат се подеднакво важни во секој негов опус како и оние слики во голем формат. На изложбата ке бидат поставени слики со димензии 280Х100 , 160Х120 , 150Х100 но и неколку слики со димензии 30Х40. Темата на сликите е водите во Тиквешијата односно „ Бојата на небото и водата во Тиквеш“.
м.в.