Дејзи бенд се враќа на каваречката рок сцена
Дејзи бенд годинава ке објави две нови песни а во подготовка е голем концерт на отворено,каде ке бидат изведени сите песни испеани од ова група.Ова на порталот www.rtk.mk му го соопшти Зоран Станоев-Дејзи фронт менот на ова група.
На концертот ке бидат поканети сите музичари кои на било каков начин досега имале соработка или биле членови на Дејзи бенд. На иницијатива на фановите на Дејзи, како и на сите искрени љубители на рок музиката кај нас ,ова група реши да ги објави сите стари и нови хитови, кои се “пеглаат„ во студиото Компакт Продукција на големиот музичар и тон и видео мајстор Пепи Ангелов.
Да потсетиме дека се работи за големи хитови компонирани и испеани 1994-95 година ,снимани во тогашното студио „Моцарт“.Музиката и текстот на сите песни ги напиша Зоран Станоев-Дејзи а аранжманот беше на Костадин Камчев.