МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во монтажната галерија во Кавадарци, вечерва беше отворна втората изложба на простор невообичаен за наши прилики, но доволно предизвиклив за културната јавност.Овој пат е поставена изложбата на фотографии на Симона Манчева од Кавадарци под наслов „ Црвено небо“.Делото Црвено небо содржи низа фотографии на пејсажи од градот Кавадарци. Преку оваа изложба на фотографии се прикажува како индустријата директно влијае врз животот на граѓаните во Тиквешијата. Овие фотографии не се обработени а за да се долови мигот на реалноста беа проследени со испуштање на чад во просторијата.

Инкау Симона Манчева е родена 1987 година во Кавадарци. 2011 Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство. Нејзините уметнички интереси вклучуваат слики, цртежи објекти, уметнички книги, колажи и фотографии на различни теми. Нејзините дела се прикажани низ повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и странство

Проектот „Мобилна култура“ на Центарот за современи уметности е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.