Под покровителство на Lions klub Internacinal најголема хуманитарна организација во светот, во Кавадарци на 4 јуни се одржа хуманитарна манифестација.
Првиот настан всушност беше хуманитарно дефиле на автомобили Cabrio GT club и на Kavadarci Drive под мотото drive for colon cancer awareness.Учесниците,гости од Скопје и локалните членови од Кавадарци го посетија споменикот на стреланите „12-те Ваташки младинци“ каде положија свежо цвеќе во знак на почит на нивната жртва за денешната слобода.Потоа во дефиле се упатија кон Кавадарци a во ресторанот „Бриони„ во Градскиот парк на сите учесници им беа доделени благодарници за учество на хуманиот настан од страна на Lions klub internacional.
Присуството на повекето активисти и членови на Lions klub internacional беше искористено за формирање на Lions club Кавадарци- „Тиквеш“.На првиот состанок гувернерот и вице гувернерот на процесните членови на клубот им беше презентирана структурата на програмата за работа како и хуманитарните акции кои се планирани на ниво на Општина Кавадарци.