ДИРЕКТОРИТЕ НА КУЛТУРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ОД КАВАДАРЦИ И РАДОВИШ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Викендов во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци беше отворена изложба на дела реализирани од познати македонски ликовни уметници кои минатата година зедоа учество на ликовната колонија “Караманов 2020“ - Радовиш.Вовед во мултимедијалниот настан даде уметникот Владимир Темков по што присутните ги поздрави директорката Јулијана Туриманџова која потоа со својата колешка од Радовиш, директорката на Центарот за култура “Ацо Караманов“ Радовиш потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции. По обраќањето на Изабела Ангелова директорката на Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш се обрати и Горан Боев кавадаречки уметник кој беше дел од оваа колонија.Потоа со свои творби се претставија млади поети од Радовиш како и нашата Микица Илова а на изложбата беа претставени и дела од млади творци кои биле дел од колонијата во рамките на детско/младинската активност.
м.в.