МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тројцата вработени во Министерството за животна средина се уапсени за примање поткуп од компанијата „Фени Индустри“.Директорот на Управата за животна средна како и една инспекторка од Државниот инспекторат за животна средина се меѓу приведените во вчерашната голема акција на МВР во Министерството за животна средина.

Како што дознава Press24 од неофицијални извори, се зборува дека компанијата #Фени Индустри за да си обезбеди подобра позиција, им плаќала пат до Англија на вработени во управата за животна средина за да гледаат натпревари на Манчестер Јунајтед. Изворите велат дека други фирми давале друг вид на поткуп.

Во Акцијата на МВР уапсен е директорот на Управата за животна средина, инспектор во Државниот инспекторат за животна средина и помлад соработник во секторот за општи работи при Управата за животна средина, Тројцата вработени се уапсени за несовесно работење и за примање поткуп.

Основниот суд Скопје 1 им определи превентивни мерки: забрана за напуштање на живеалиште, обврска лицaта повремено да се јавуваат кај определено лице во Судот и забрана за преземање определени работни активности.