Целта на овој настан беше сите постоечки, активни и оние кои сакаат да станат волонтери на ДЕМ мрежата на млади да се соберат на едно место и да започнат со градење на колективна одговорност за еколошките, економските, политичките и сите структурни проблеми што се случуваат кај нас.
На овој собир подетално младите се запознаа со мрежата на ДЕМ млади и со следните чекори во 2019. Се разговараше за мапирање на моментални локални еколошки и структурни борби, со алатките од "популарно образование" кои ќе ни помогнат да се поврзат локалните борби и како да се зајакне дејствувањето за еколошка и социo-економска правда.