На ваков чекор овоштарите се решиле поради ниската цена на праските и немањето пласман за нив.
- Бараме да се реши проблемот. Критериумите на рускиот пазар се зголемени. Педесет денари гајба за домашен пазар, извоз скоро и да нема, рече претседателот на Здружение на овоштари "Росоманска долина " од Росоман Игор Милошевиќ.
Најави радикализирање со блокада повторно тука а се размислува и за исфрлање на праски пред Влада.
Росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов рече дека цената е рекордно ниска , оти само гајбата чини 25 денари. Повика на барање на алтернативни пазари и интервентно решавање на кризата. Оти во прашање е доведен опстанокот на општината.
Овоштарите се заканија дека ќе ги исечат прасковите дрвца а тогаш штета ќе има и државата. Имаат непотврдени информации за увоз на праски од Албанија и Грција.