Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот „ За убаво и чисто Кавадарци“ со кој се ангажирани дваесеттина волонтери за извршување на работи околу расчистувањето на дел од јавно прометните површини.
Акцентот е ставен на расчистувањето и кастрењето на обраснатата вегетација во функција на разубавување на градот.Од втори јули општината ангажираше нови 12 волонтери кои ќе бидат ангажирани во наредните 22 работни денови. Согласно програмата тие работеа на расчистување на локациците: позади зградите на булеварот „Кочо Рацин“, на улиците „Клинска“ и „Методи Џунов-Џико“. Работат и на комплексот улици „Охридска’ како и на булеварот „Никола Минчев“ од семафорите до спојот со „Северен булевар“.Претходно ангажираните волонтери кои беа ангажирани на разубавување на Спомен паркот 12 Младинци на Моклиште, деновиве се на локации во Градскиот парк каде оваа и наредната недела ќе работат на разубавување на паркот.