МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Собирот ке се одржи на 23 и 24 јуни а организари се „Тиквеш рајдерс“

Многу музика, мото игри, слободна кампинг зона, ефтино пиво и многу забава ќе донесе второто издание на мото фестот кој овој викенд во организација на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ ќе се случува во „Моклиште“, а за кој учество го потврдија голем број на мото клубови од цела Македонија.

381287_3856576852727_568970326_n.png

Според официјалната програма, пристигнувањето на учесниците во фестивалската зона сместена во „Моклиште“ е предвидено за во петок, 23 јуни, за кога се предвидени и настапите на рок бендот Троја и Диџеј Брко. За во сабота, која е централна фестивалска ден, се најавени бројни активности кои ќе започнат со посети на манастирот „Свети Никола “ во Молкиште , градскиот парк, спомен костурницата, Музеј галеријата, компанијата „Кожувчанка“ ДОО, и црквата „Света Петка“, по што ќе следува дефиле низ централното градско подрачје. Во 17 часот на градскиот плоштад, граѓаните на Кавадарци ќе имаат можност одблиску да се запознаат со целите и активностите на „Тиквеш рајдерс“. Свеченото отворање на мото собирот е закажано за во 19 часот, кога ќе бидат претставени сите групи и гости. Во 19 часот и 30 минути ќе започнат мото игрите, а по прогласувањето на победниците предвидено за во 21 часот, ќе следуваат концертите на The Gundhies, Sakis Dovolis Trio и Eruption.

Мото собирот завршува во недела со еколошка акција во фестивалската зона.