МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во Домот на културата "Иван Мазов-Климе" во Кавадарци, младата Билјана Камчева реализираше рецитал за глас и флејта, проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Билјана Камчева од Кавадарци своето класично основно и одновното музичко образование ги завршила како првенец на својата генерација. Има добиено специјално признание од поранешниот кавадаречки градоначалник, за посебно залагање и афирмација на градот во државни и меѓународни рамки. По препорака на наставничкиот совет, а поради постигнатиот значаен одличен успех, паралелно ги завршила втората и третата година од средното образование. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност Скопје со висока оценка "десет".

Има постигнато значајни резултати на државни и меѓународни натпревари. Ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во 2015 година и доделува посебна пофалница за постигнат најдобар успех во студирањето. Паралелно со студиите за флејта, студирала и на студиската програма за соло пеење и дипломирала минатата година. Во 2015 година ја добила и стипендијата "Петар Стаматов" која ја доделува Универзитетот, за своите најуспешни студенти. Заради пстигнатите резултати, фондацијата "Pre art" од Швајцарија и подарува професионална флејта "јамаха". Беше член и прва флејта на Сомфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност. Има бројни настапи и награди во земјава и странство.

Настанот беше во организација на културниот дом и градоначалникот и Советот на општина Кавадарци. Камчева беше придружувана од Елена Атанасовска Ивановска на пијано.