МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска Градоначалникот Митко Јанчев одржа состанок со директори на јавни претпријатија и образовни институции а во врска со ново настаната ситуација со Пандемијата Ковид-19 и со затворањето на јавните институции согласно препораките на Владата.Од состанокот се донесени следните заклучоци со ангажирањето на лицата преку агенциите за привремени вработувања:

Заклучоци:

1. Сите вработени преку агенции за привремени вработувања во јавните институции ќе имаат ист статус како редовно вработените во институциите и јавните претпријатија за месец март, а од месец април ќе се следат препораките од Влада на Р.С.Македонија. Тоа е пракса во претходните 5 години, што значи тоа се однесува на претходно ангажираните лица кои доаѓаат на подолг рок на работа а ново вработени нема и нема да има.

2. Сите времени и редовно вработени во јавните институции и јавни претпријатија кои се под надлежност на Општина Кавадарци се задолжуваат да бидат достапни на непосредните раководители и истите ќе бидат ангажирани за потребите за имплементација на мерките за борба против Ковид-19 согласно препораки на кризниот штаб за:- Набавка на намирници за стари и изнемоштени лица и лица од ранливи категории- Учество на активности за дезинфекција и санитација.

3. Новото претпријатие ЈП Паркинг Кавадарци, сите лица вработени во претпријатието тековно ќе ги извршуваат нивните обврски но со оглед на намалениот обем на работа, да се јават и одговорат на обврските од кризниот штаб.

4. Се задолжуваат јавните институции и образовните институции да ги испратат списоците на времено вработените лица и помалку ангажираните лица на следните e-mail адреси: shalevasuzana@gmail.com, dcuparkoski@gmail.com и tefremov@kavadarci.gov.mk, до крајот на овој работен ден.

5. Сите исплати кон спортските клубови, невладините организации и ГФК Тиквеш се ставаат во мирување поради нивно мирување и согласно мерките од Влада на Р.С. Македонија.