Официјалниот старт на меморијалот е закажан во недела на 25 jуни во 11 часот на улицата „Индустриска“ каде ке биде и финишот.
По неколкугодишна пауза, во организација на велосипедската федерација на Македонија, во недела 25 јуни, ќе се оддржи „Ваташкиот меморијал“ кој годинава е дел од Државното друмско првенство.
На меморијалот кој ќе се вози на делницата Кавадарци - Возарци - Росоман - Кавадарци во вкупна должина од 33 километри, учество ќе земат натпреварувачи во следниве категории: жени и кадети кои ќе возат 2 круга, мастерс и јуниори кои ќе возат 99 километри и сениори кои ќе возат четири круга.