Пожарот зафати два хектари шума и сува трева .
Горат нискостеблеста дабова шума и сува трева во атарот на кавадаречкото село Галиште. Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на "Македонски шуми" од Кавадарци информира дека пожарот кој избувна во петокот на прилепска територија и сеуште е активен, од синоќа е префрлен и во кавадаречкиот дел.
-Засега се зафатени околу два хектара во кавадаречко, кај местото викано Србиново. Во гаснењето учествуваат работници од подружниците на "Македонски шуми" од Прилеп и Кавадарци, прилепски пожарникари и луѓе од ловиштето "Сафари", соопштува магистер Ристовски.
За полесно справување со пожарот, тој очекува во акцијата на гаснење да се вклучат и воздухоплови.