МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пресрет на „Тиквешки гроздобер 2017„ порталот ја емитува “На Гроздобер ке се видиме“ на Анита Бошкова, исполнета на Фестивалот „Гоце ФЕСТ“ 2016.Анита е член на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци.Песната „На Гроздобер ке се видиме„ ја напиша и испеа Анита Бошкова а автор на музиката и аранжманот е Коста Мицевски. Песната „Крају мој роден“ на Анита Бошкова е објавена во Алманахот бр. 5 на Здуженето на писатели „Тиквешки цветови“-2016 година

КРАЈУ МОЈ РОДЕН

Крају мој роден,

ти имаш народ благороден,

душа блага како шира,

срце кое чука

во ритамот на добрина

Одев овде, одев онде

по патишта незнајни,

за да најдам во животов азно

Но, таму

зад овие ридови

и оваа рајска долина

секогаш нешто недостига

Недостига парчето татковина,

таму ја нема мојата дедовина

Тоа парче ако го немам,

не ми вреди

и цел свет да го имам

Анита Бошкова