МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

“Кавадаречката компанија Слога Пром донира 400 пакети со замрзнати месни производи за семејствата од исламска вероисповед кои се во социјален ризик. Ова е втора донација од компанијата за социјално загрозените семејства после велигденската, а од таму велат дека поводот за донацијата е празникот Бајрам но целта е да им се помогне на семејствата коишто како резултат на последиците од кризата предизвикана од пандемијата се најдоа во лоша социјална ситуација.

“Егзистенцијалните предизвици станаа се поголеми и почести последнава година, многу семејства ги изгубија единствените извори на средства за да го прехранат семејството. И ова се проблеми што се случуваат насекаде околу нас и на кои, ни како компании, ни како граѓани, не смееме да вртиме поглед. Поразително е денес некој да нема да го прехрани семејството, и како компанија што се занимава токму со храна, свесни за потребите на овие семејства и верни на својата општествена одговорност, Слога Пром заедно со своите вработени донира и понатаму ќе ја дава својата помош секаде каде е потребна”, вели Ласко Јованов, управител и менаџер за увоз во Слога Пром.

Распределбата на донираните производи се одвива преку ИВЗ Скопје, Џамиски одбор Кавадарци и преку Хуманитарна група граѓани од муслиманска вероисповед во Битола.

Покрај оваа, последнава донација, неодамна во пресрет на велигденските празници Слога Пром донираше уште 600 пакети со производи, така што од компанијата се распределени вкупно 1000 пакети со разни производи за семејства низ целата држава. Со дополнителна донација е поддржан и Проект Среќа при што семејствата и од овој проект се снабдуваат со пакети прехранбени производи од Слога Пром.„ се наведува во соопштението од ова фирма.

AOGI8709