МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со цел развивање на семејното земјоделско стопанство, повеќе приходи и резултати во оваа област, денеска во Кавадарци беше реализирана обука за земјоделци, претставници на земјоделски здруженија и локалната самоуправа.

Организатор беше Националниот комитет за семејно земјоделство кој е формиран од Здружението за семејно земјоделско стопанисување и развој на заедницата во соработка со Фармери на Република Македонија и мрежа за рурален развој.

Ова беше првата обука во Кавадарци која организаторот ја оцени како доста успешна. Она што може да се забележи рече Коцески е дека има потреба да се работи во ова регулатива со цел да бидат изоставени сите бирократски процедури .

Целта на денешната средба во Кавадарци беше да се информира јавноста дека постои Национален комитет за семејно земјоделско стипанисување, како и да се престават семејните стопанства за да се подобри законската регулатива. Инаку семејно земјоделство претставува организирано земјоделско, шумско, рурално и аквакултурно производство кое се заснова, и е управувано од страна на семејството, вклучувајќи ги истовремено мажите и женитe.(Видео изјава-Сретен Коцески – Националниот комитет за семејно земјоделство)