МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Митко Јанчев според ДИК, освои 13.180 а кандидатот на СДСМ Бетиане Китев 11.538 гласови.Во Општината на 60 избирачки места излегле 76,62 % од избирачкото тело запишано во единствениот избирачки список

Митко Јанчев е новиот градоначалник на општина Кавадарци.Вечерва во Кавадарци пред седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во село Ваташа и на градскиот плоштад во Кавадарци победата ја прославија голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ,симпатизери на партијата и други граѓани кои се одлучиле да гласаат за него.Според Државната изборна комисија чии резултати се објавени на Веб страницатана ДИК, од вкупно 76,62 % излезени граѓани , за Јанчев гласале 13.180 а ја Китев 11.538 граѓани со право на глас.

Во обраќањето непосредно по официјалното соопштување на гласовите од ДИК,Јанчев, на Плоштадот во Кавадарци рече дека ветеното ке го оствари, зашто за него граѓаните се најважни од се,тие му ја дале победата и ним ќе им врати со реализирање на она што го ветуваше во својата програма:Покриен пазар, Дестилерија за преработка на вишокот грозје ,Нова велоспедска и пешачка патека од Ваташа до Моклиште,Комуналната новина „Мој Општинар„,доградба на колекторот,Сообраќајни решенија и паркирањето во градот и друго.Им се заблагодари на сите членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ и коалиционите партнери кои гласале за него но и на оние кои за прв пат ја даваат довербата за него а немаат партиска ориентација.

Пеш со најблиските од изборниоот штаб Митко Јанчев дојде во село Ваташа, кое според него било упориштето кое не попуштило и покрај притисоците меѓу двата круга.За Ваташа Јанчев вети,уредување достојно за вакво револуционерно село,кое според него ке стане најубаво во Македонија, но неговите жители ке ги добијат пред се ветените работи од изборната програма.

На Градскиот плоштад во Кавадарци ,потоа со оро и песна тој , најблиските соработници и неговите симпатизери ја прославија победата на Локалните избори 2017, за градоначалник на Општина Кавадарци.