МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Ликовната колонија во Кавадарци уметниците од многу земји ствараат слики од трајна вредност

Во Кавадарци веке неколку дена трае најголемата ликовна колонија во Македонија „Кавадарци-Михајлово 2017„.Годинава таа е посветена на прерано починатиот ликовен уметник од Кавадарци Ристо Соколов Сокол. Во текот на нејзиното одржување беа отворени две изложби на кои беа преставени тројца ликовни уметници: Маријана Костојчиновска-Узунчева и бугарски ликовни уметници Лаура Димитрова и Стефан Алтаков,утревечер следува Меѓународна изложба на уметнички фотографии “Adria Wealth & Muzeqeja Wealth" ,а на Градскиот плоштад предвидено е одржување на Меѓународен фолкорен фестивал.Учествуваат фолклорни ансамбли од Полска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Македонија (АКУД “Мирче Ацев“ -Скопје и Фолклорен ансамбл “Тиквеш“ - Кавадарци).Дефилето е предвидено во 19.30 часот.

Што се однесува до колонијата која е 23- по ред, се одржува во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“ Кавадарци a свеченото затварање е закажано за 27 август-напладне.На кавадаречката колонија чествуваат на шеесет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Иран, Данска, Италија, Косово, Албанија, Црна Гора, Украина,Moнголија и Ерменија.