МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

OO на СДСМ-Кавадарци-упатува честитка до сите граѓани на Општина Кавадарци по повод 7-ми Септември денот на ослободувањето на Кавадарци

„Почитувани сограѓани, нека ни е честит денешниот празник 7ми септември, денот на ослободувањето на Кавадарци.Овој ден вечно ќе остане запишан во историјата на Кавадарци и во колективната меморија на Кавадарчани како ден кога Кавадарци се ослободи од фашистичкиот окупатор.Борбата против фашизмот беше и борба против насилството, против омразата, против уништувањето на различностите, и против загушувањето на слободата.Никогаш повеќе да не дозволиме насилството и омразата да завладеат во нашиот град и во нашата татковина. Наместо насилство и омраза, да покажеме взаемна почит и солидарност. Бидејќи само така ќе може заеднички да живееме во една поубава иднина„, се вели во честитката на ОО на СДСМ до сите граѓани на Општина Кавадарци.