МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локалната самоуправа ги известува граѓаните дека почнувајќи од 10.02.2022 ќе спроведи акција за отстранување на неправилно паркирани моторни возила и приклучна земјоделска механизација од коловозите и тротоарите, согласно Член 84 алинеа 1 и 2 и член 85,86 и 87 од Одлуката за комунален ред. Од денешниот ден поделени се известувања на улици во градското подрачје и тоa улиците: ,,Дисанска’’ ,,Ленинова’’ ,,Методи Џунов Џикот’’ ,,Браќа Миладиновци’’ ,,Калница’’ ,,Ќиро Крстев’’ ,, Страшо Пинџур’’ ,,Ресавска’’ ,,Задругарска’’ ,,14 Maj’’ ,,16 Јуни’’ ,,Пиринска’’ ,, Ѓоре Брушански’’ ,,Гоце Делчев’’ ,,Егејска’’ ,,Љубашка’’ ,,Орце Николов’’ ,,Ѓорѓи Соколов’’ ,,Партизанска’’ ,,Ѓорѓи Сугаре’’ ,,1 Мај’’ ,,Ќиро Спанџов’’ ,,Ило Костов’’ ,,Браќа Хаџитефови’’ ,, Браќа Џунови’’ ,,Рајна Соколова’’ ,, Сутјеска’’. Во наредните денови дополнително ќе има известување и за останатите улици. Доколку не постапите по известувањето во горенаведениот рок за истото ќе се изготви решение за отстранување, а отстранувањето ќе се изврши од страна на надлежната служба (пајак служба), а трошокот ќе падне на товар на сторителот на прекршокот. Покрај тоа ќе биде изречена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно член 43 од Законот за комунални дејности.