МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Околу 70-тина бруцоши денеска го следеа првиот академски час на дисперзираните студии во Кавадарци на вториот по ред најголем Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.

Од овој ден студентите и официјално го започнаа нивниот пат кон нови знаења и кон академската заедница.На студиите во Кавадарци активни се три факултети со шест наставни програми: земјоделски науки информатика и Факултет за природни и технички науки, информираше денеска професорката Виолета Димовска која рече дека имајќи ги во предвид условите за образование и трендовите кај младите, оваа бројка на студенти е задоволителна.

Студентите влегуваат во нова фаза од животот којашто за нив ќе биде голем предизвик, трасираќи го патот на академска наобразба.Годинава најмногу студенти во Кавадарци се запишале на наставната програма за индустриска логистика.

Денеска на сите нови студенти им беа врачени и студентските индекси.Освен во Кавадарци првиот академски час се организраше и во Скопје, Струмица, Прилеп и во Штип.На Универзитетот годинава ќе студираат околу 1.300 нови студенти кои ќе ја следат наставата на различни студиски програми.