МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Диме Коцевски го доби признанието за најдобар актер на престижниот фестивал Репасаж, кој по 11 пат се оддржа во Уб, Република Србија.

Брилјантната изведба на ликот на Атанас, типичниот балканец, растргнат помеѓу монотонијата на секојдневието и домашните проблеми, кој ќе заглави на парискиот Шарл Де Гол поради грешка на безгрешниот европски систем за тероризам ја освои публиката во Уб, но и трочленото жири во состав Жељко Хубач, драматург, Милорад Милинковић, режисер и Зоран Ќосиќ, глумец во народниот театар во Белград.

Да потсетиме, претставата „Пасивно пушење“ во режија на Јордан Витанов, а во изведба на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ го отвори годинешното издание на фестивалот во Уб, на кој учество земаа театри од сите поранешни југословенски држава.

kavadar4e.com

46432608_287691988537461_372644307632390144_n.jpg