„Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бизнисменот Митко Јанчев заедно со неговата сестра Јанинка Чупаркоска, добро се офајдиле од претходната расипничка власт со државно земјиште под закуп од над 31 хектар.
Комбинирано, Јанчев и неговата сестра Чупаркоска на 9 декември 2011 година склучиле договор за закуп на над 31 хектар државно земјиште. Но, тоа не е се. Митко Јанчев користејќи ја својата моќ како познат бизнисмен и добар соработник на Сашо Мијалков и Никола груевски, од државата добил субвенции од над 1,5 милиони денари. Неговата сестра Јанинка Чупаркоска исто така се офајдила и од Агенцијата за финансиска подршка и биле исплатени еден милион денари за субвенции.
И покрај огромните средства добиени од Буџетот на Република Македонија, Јанчев заедно со својата сестра Чупаркоска немаат платено закупнина (концесија) за 2016 година за вкупната површина.
Сепак тоа не е пречка Јанчев и Чупаркоска да не добијат субвенции. На 18 мај 2017 година, Игор Златков, директор на платежната агенција, злоупотребувајќи ја службената положба исплаќа 546.594 денари за субвенции на Митко Јанчев и 336.705 денари на Јанинка Чупаркоска. Со тоа е прекршен членот 19 од законот за земјоделско земјиште.
Почитувани земјоделци, ова е само еден од одказите за тоа како владите на ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваа и понижуваа вистинските земјоделци, со тоа што државните земјишта не се доделуваа на вистинските земјоделци, туку на послушниците и соработниците на Груевски.
Затоа ги повикуваме надлежните институции сериозно да го истражат овој случај и истовремено да се направи комплетна ревизија на целокупното државно земјиште што е доделено под закуп.“-се вели во соопштението на ОО на СДСМ-Кавадарци.