Деновиве во фаза на реализација е проект од програмата за комунална изградба во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на пробивањ нова траса од ул.„Доне Попов“. Според проектот на Општина Кавадарци на оваа локација се трасира улица во должина од 90 метри. Целта на проектот е да ја спои ул. „Доне Попов“ со ул.„Григор Прличев“. Се работеше на пробивање и нивелирање на подлогата, како и на поставување тампон. Потоа ќе се постават рабници, а во завршната фаза ќе следи асфалтирање. Проектот за пробивање и спојување на улицата е на барање на жителите од овој дел на градот. извор : Кабинет на градоначалник на Кавадарци