МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прекрасна музичка вечер синоќа во Кавадарци приреди Камерниот оркестар од Битола.

Ретко музичко доживување имаа кавадарчани во полната сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ со ова несекојдневно рок уживање.Симфоничарите од камерниот битолски оркестар на најубав, истовремено и на класичен и рокерски начин на сцена ги донесоа познатите поп-рок композиции од седумдесетите и осумдесетите и деведесетите години на минатиот век.

Настанот беше од мултимедијален карактер и е дел од “Топлиот културен бран“ во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, Локална самоуправа на Општина Кавадарци и Министерство за култура на РМ.

Камерниот оркестар од Битола летово со рок музички бран ќе заплиска повеќе градови низ земјава. Станува збор за музичка турнеја со проектот „Рок симфонија“ во Битола, Кавадарци, а потоа продолжува во Штип и Скопје.

На концертот во Кавадарци а и во идните настапи, оркестарот изведува незаборавни рок хитови од „Qween“, „Deep Purple“, „Led Zeppelin“ и други незаборавни рок мајстори..

„Ова ќе биде, се надеваме, најуспешниот проект на нашиот Камерен оркестар наречен ‘Рок симфониja‘ на кој учествуваат над 25 учесници, оркестар, хор, бенд. Солисти се Михајло Трајковски- Сак, Жарко Јакимовски од Охрид и Петар Христов на саксофон“ – ни изјави Владимир Димовски, координатор на оркестарот.

-Ова е еден од првите големи културни случувања во рамките на „Топлит културен бран“ во Кавадарци, а ќе следуваат уште неколку значајни настани кои го заслужуваат вниманието на јавноста вели Владимир Темков - директор на Домот на културата во Кавадрци.

Перманентно веќе неколку години со „Летниот кулурен бран“ се поплолнува културната празнина во градот, изјави градоначалникот Александар Панови и додава:-Во Кавадарци следуваат големи културни случувања, како Џез фестивалот ,Ликовна колонија,и други, а нив ќе ги споиме со големите настани од културата кои ги подготвуваме за време на Тиквешки гроздобер 2016 година и на 7-ми септември - Денот на ослободувањето на Кавадарци.

Погледнете дел од концертот на следниот линк.