МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 10 октомври 1927 год отворена првата аптека во Кавадарци

Во приземните простории на хотел “Југославија“ на Петре Камчев - Американецот е отворена првата аптека во Кавадарци на фармацевтот Бошко Марковиќ. Кон крајот на триесетите години од минатиот век во неа како аптекарски помошник работел Васил Хаџиманов(татко на Зафир Хаџиманов,дедо на Васил Хаџиманов кои сега живеат и работат во Белград). На фотографијата хотелот и аптеката се наоѓаат под џамијата.