МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев кој беше на лице место, појасни дека станува збор за професионално игралиште со сите пропорции со комплетна опрема за натпреварувачите, но и за набљудување од страна на судиите.

-Терените се осветлени и во вечерните часови. Игралиштето е изградено повеќе од две години заедно со Агенција за млади и спорт, која заедно со општината обезбедија половина од неопходните финансиски средства. За одржливоста на терените ќе се грижат вработените од Спортска сала “Јасмин”, информираше градоначалникот. Јанчев соопшти дека има заинтересирани кавадарчани за тенис, без разлика дали е тоа аматерски или професионално. Тој најави дека дополнително ќе се оплеменува просторот околу терените за одмор и рекреација.