МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Митко Јанчев денеска испрати соопштение во кое изразува спремност за ТВ соочување со кандидатот за градоначалник на Кавадарци на СДСМ Бетиане Китев.

Интегрален текст:

„Почитувани

По барање на кандидатот за градоначалник од СДСМ,за тв дуел и соочување со кандидатот за градоначалник Митко Јанчев,сакаме да ги известиме граѓаните дека Митко Јанчев не се плаши од никакво соочување и тв дуел со спротивната страна.

Секој кандидат кој со чиста совест работи и поседува издржани аргументи и факти треба да се соочи најпрво со граѓаните и со кандидатот од спротивната страна.

Ве известуваме дека Митко Јанчев прифаќа тв дуел со кандидатот на СДСМ на било која телевизија која кандидатот од другата страна ќе ја предложи.

Секој кандидат треба да го превземе ризикот да се соочи .

Митко Јанчев води позитивна кампања без притисоци и црни сценарија и не се плаши од никакво соочување и тв дуел.

Митко Јанчев е одговорен кој своите сограѓани и прифаќа тв дуел на било која телевизија.

Со почит„

се вели во соопштенито до јавноста.