„На 08.06.2020 во 16.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на влезот во с.Дреново, во нива, до трактор „ИМТ 539“, бил пронајден починат И.Ј.(72) од с.Дреново. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци„ се наведува во денешниот извадок од Билтенот на МВР.