МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Положени свежи цвеќиња на спомен плочата пред куќата каде е формиран првиот комитет на ТМОРО по солунскиот во Кавадарци.

Денеска во Кавадарци беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, делегација на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Александар Понов, пратеникот ВеснаПемова, ОК на ВМРО-ДПМНЕ , кандидатот за градоначалник на ова партија Митко Јанчев , и други граѓани положија свежи цвеќиња на спомен плочата во центарот на градот пред куќата каде формиран првиот комитет на ТМОРО по солунскиот, во Кавадарци

Историски час за формирањето на револуционерната организација одржа историчарот Петре Камчевски, директор на Музеј Галеријата. Тој рече дека на овој ден 1893 година во Солун, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов, една група македонски интелектуалци револуционерно определени, по долги сериозни разговори ги удриле темелите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација.

– Основоположници или членови на првиот состав на оваа организација биле Андон Димитров, Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Дамијан Груев. На првиот состанок на организацијата било изгласано и раководство, за претседател бил избран доктор Христо Татарчев, а за секретар Дамијан Груев. Дамијан Груев и Христо Татарчев го изработиле и првиот Устав на организацијата, според кој организацијата била тајна и револуционерна и се простирала на територијата на цела Македонија нагласи Камчевски.