МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект МСИП, за ревитализација на главните улици, финансиран од Европската Унија и Светска банка.Вчера и завчера градежбата оператива започна со гребење на стариот асфалт на ул.„Мито Хаџи-Василев“, а денеска продолжуваат работите на „ 7-ми Септември“.Со овој зафат општината ја подготвува улицата за асфалтирање со нов слој фин асфалт.За време на изведувањето на рзботите на оваа улица се воведува нов времен режим на регулација на сообраќајот.За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за поефикаснио поквалитетно завршување на работите.

712355470000.jpg717933967777777888.jpg71100036_2517617268462319_2679407818531930112_n.jpg