МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Голем предизборен собир на СДСМ вои Кавадарци пред вториот круг на гласање на градоначалник

На собирот на Градскиот плоштад синоќа кандидатот за градоначалкник на Кавадарци и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев одржаа митинг на кој им ветија на граѓаните нов затворен пазар во центарот ,нова градинка, враќање на реномето на манифестацијата Тиквешки гроздобер, реконструкција на централното подрачјеке ,ке се реши паркирањето во градот и ќе ги реконструиираат сите сообраќајни артерии. Поранешна Ла луна ќе се претвори во младински културен центар, учениците и студенти ќе добиваат стипендии.Ќе го оживее спортот во градот,ке се направи целосна реконструкција на спортско рекреативниот центар „Јасмин“ и ке се изгради велосипедска патека од Ваташа до Моклиште.Бетијане Китев вети дека во мандатот од 4 години ќе биде постојано достапен за сите граѓани.

sdsm_5.jpg

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев нагласи дека анкетите покажувале водство од 7% Им вети на кавадарчани силна подршка од владата за реализација на сите капитални проекти.

„Победата не е лесна, но ќе биде слатка и величенствена. Не бива бе брат Мите. Нема победа. Не е несреќен бројот 13, несреќен е Груевски чиј кандидат си. Тебе Мите никој неможе да те тргне од Кожувчанка. Сметај на подршка од твојата влада, на подршка од општината која ќе ја води Бетиане Китев“ му порача Заев на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев.

Заев рече дека целиот негов имот е во Македонија. Нема да дозволи влакно да и фали на земјава.

„Вистински патриотизам е тоа кој ќе поголема среќа за граѓаните и повеќе пари. Иако велеа дека Заев ќе укинувал субвенции тоа не е така. Лозарите добија 2 денари дополнителни субвенции поради лошата година. Тоа ќе биде секогаш така, кога има проблем во земјоделството. Добро ја знам маката на земјоделците. Јас сум единствениот премиер што работел земјоделие и има фатено мотика. Кавадарци било вмровски град – мало сутра. Советот го добивме сега и Бетиан ќе стане градоначалник“ рече Заев .