МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тиквеш мора да почне да победува а велешани се идеален противник за такво нешто.

Поради репрезентативни обврски фудбалските прволигаши и второлигаши си ги сменија термините за одигрување на редовните кола.ПРВА ЛИГАПрволигашите утре, сабота ке го одиграат редовното 13 коло. За кавадарчани најинтересно ке биде на градскиот стадион каде Тиквеш го пречекува велешки Борец, Двете екипи се наоѓаат на самото дно од табелата и ги дели само бод. Важен натпревар за двете екипи но домакинот е под многу поголем притисок и едноставно размислува само за победа. Лидерот Шкупи ке гостува кај Македонија ЃП, Брегалница во Штип ке го нагости Скопје, Работнички ја пречекува Академија Пандев а фенерџијата Пелистер ке ја брка првата победа во дуелот со Струга ТЉ. Дербито на колото ке го одиграат Ренова и Шкендија. Сите средби се играат утре, сабота со почеток од 13 часот.ВТОРА ЛИГАВторолигашите ке ги одиграат средбите од 10 коло. На истокот, екипата на Локомотива од Градско ке има уште едно тешко гостување и тоа во Гевгелија кај Кожув. Кит Го во Пехчево ке го одигра дербито со лидерот Победа, Саса го пречекува Осогово,а Беласица во Струмица игра со Детонит. Во трка за врвот Слога ке гостува кај Братство. Во западната конференција се среќаваат Силекс - Кадино, Вардар - Кораби, Воска - Гостивар, Беса - Охрид и Велешта - Тетекс.

Сите второлигаши ке играат во недела со почеток од 13 час.

М.В.