МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

До 12 часот според наши новинарски созанија излезноста изнесува околу 40 насто

Денеска во Кавадрци од 7 часот започна гласањето во Вториот круг , ке трае до 19 часот на 60 избирачки места.Има голема раздвиженост во градот-и со право.Треба да се избере идниот градоначалник.Граѓаните ке изберат еден кандидат кој наредните 4 години ке ја води општината Кавадарци, со очекување да се исполнат ветувањата дадени до сите граѓани.

Од трката за градоначалник во Општина Кавадарци во вториот круг кој се одвива во Кавадрци одзивот во Општина Кавадарци на 60 избирачки места до 10 часот изнесува 14,8 насто.Според Зоран Костов претседател на Општинската изборна комисија одзивот овој втор дел на изборите е поголем отколку во првиот круг.Околу 12 часот според наши репортерски сознанија од податоците од избирачките места излезноста изнесуваше меѓу 35 и 40 насто, што е повеќе отколку првиот круг.Ова од своја страна зборува за големата демократска свест на граѓаните и желба да се искористи демократското право на избор на кандидатот за кој сметаат дека ке биде подобар градоначалник на Кавадрци.Во Општината во првиот круг на изборите излегле 24.451 лице со право на глас од вкупно запишани 32.671 граѓани колку се заведени во главниот избирачки список .