МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од денеска-среда 17-ти јануари, Дрекслмајер Македонија официјално ги отвори вратите на својот инфо центар и канцеларија за регрутација во Прилеп.

„Целта е преку отворањето на инфо центарот компанијата да биде поблиску до своитe вработени од Прилеп, но и до сите останати кои се заинтересирани да се придружат на тимот на Дрекслмајер. Во отворената канцеларија секој може да добие информации за компанијата и да аплицира директно за вработување. Персоналот стои на располагање да одговора на прашања и секако да ги води заинтересираните кандидати низ процесот на аплицирање.

„Драго ни е што неколку стотини вработени од Прилеп и неговата околина се ангажирани во Дрекслмајер во Кавадарци и што тие во нашата компанија гледаат стабилен и сигурен работодавач. Дрекслмајер е партнер на овој регион, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме стекнатата доверба и добра соработка," истакна генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер на отворањето на инфо центарот. При своето обраќање тој им се заблагодари на присутните претставници на Општина Прилеп и Агенцијата за вработување за досегашната успешна соработка со надеж дека така ќе остане и во иднина. Дрекслмајер вработува персонал од целиот Тиквешки регион, како и Прилеп, Велес и околните места и со над 5.000 вработени е еден од поголемите работодавачи во Македонија. Преку отворањето на инфо центарот компанијата ќе го засили своето присуство во прилепскиот регион и ќе го олесни првичниот контакт со заинтересираните апликанти. Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат инфо центарот во Прилеп и да се информираат за отворените работни позиции во повеќе области како што е производство,инженерство, администрација. Нашите врати се отворени секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Ве очекуваме да нѐ посетите! Адреса: Канцеларијата се наоѓа на булеварот Гоце Делчев бб.„се вели во соопштенето на Дрекслмајер Кавадарци.