Дефилето кое започнува во 10.30 часот кај Кружниот тек, предвидено да го сочинуваат сите пожарникари во Кавадарци, со сите возила, запалени ротациони светла, и комплетна опрема за гаснењее пожар.Се организира по повод 20 мај Денот на пожарникарите на Македонија.
Според информацијата која ја добивме од Кабинетот на Градоначалникот, дефилето ке тргне во 10.30 часот од Кружниот тек во новиот центар на градот, ке се движи по улицата „Илинденска„, „Маршал Тито„, Тиквешко востание“, кај триаголникот по „Ресавска,„,„Пионерска„ .Крајна дестинација ке бидат кошевите на отворено кај Спортската сала „Јасмин“, каде се организира коктел на отворено.
Ги покануваме сите граѓани да ги поздрават кавадаречките пожарникари,да излезат на улиците каде ќе поминуваат.На тој начин ќе им се заблагодарат за нивниот труд кога тие ќе бидат потребни, -при гаснење пожар.Тие заслужуваат внимание.