МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се работи за фотографија од 1905 година

Денеска е Митровден а ова е најстарата до сега позната фотографија од црквата „Св. Димитрија“ во Кавадарци направена 1905 година . Фотографијата ја снимил рускиот полковник Николај Сурин и ја објавил во книгата Тиквеш-Мариово во 1905 година во Софија. Црквата имала тогаш мал двор, а била оградена со висок ѕид.

Инаку Митровден е голем православен празник, а Свети Димитрија е заштитник на градот Кавадарци и неговите граѓани.Денеска на Митровден, селска слава е на две села Мрежичко и Страгово.