МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОЖАР НА ВИТАЧЕВО

Штотуку се понадевавме дека ова лето ке не одминат шумските пожари кај нас, кога вчера попладнево дознаваме за пожар во близина на Кавадарци.Според информацијата на Петко Ристовски-шеф по заштита на шумите на подружницата на „Македонски шуми“ во Кавадарци , попладне избил пожар на Витачево.Кон висорамнината пожарот се проширил од Моклиште во правец на ова висорамнина.

-Засега не може да се каже колкава површина е зафатена од пламенот и колкави се штетите. На терен засега сме 8 работници од подружницата "Бор" и четворица пожарникари од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, изјави магистер Ристовски синоќа.

Од противпожарната единица во Кавадарци пак информираат дека горат трева и нискостеблеста шума.

Што се однесува за пожарот кој ја зафати и дел од „Гоцевата шума“ во Неготино пламените јазици зафатиле површина од околу 100 хектари. Гореа, главно, трева и меѓи, но беа зафатени и лозови насади и дел од шумата".

Во гаснењето на пожарот, кое траеше дваесетина часа, учествувале педесетина луѓе. Триесетина работници на подружницата, како и неготински и кавадаречки пожарникари.

Неофицијално, причина за пожарот е човечки фактор. Официјално, причините се утврдуваат.