Непосредни средби на градоначалникот со граѓани продолжуваат
„На ден 16.11.2017 година четврток, градоначалникот Митко Јанчев имаше приемен ден. Градоначалникот оствари средба со 120 граѓани. Се разговараше за нивните проблеми, поплаки и пофалби. Градоначалникот Митко Јанчев стрпливо ги сослуша сите граѓани и им вети дека сите проблеми кои се во надлежност на локалната самоуправа ќе бидат за брзо време решени. Ваквиот пристап кон граѓаните, континуираното информирање за сите активности кои се во тек и кои се планираат како и проектот “Мој општинар“ ќе придонесат за транспарентна општина. Наредниот четврток повторно ќе има приемен ден. Секој граѓанин кој што сака да оствари средба со градоначалникот може да го закажи својот термин во Граѓанскиот услужен центар,“ се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот.