МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Академскиот сликар Новица Трајковски својата 7-ма изложба од циклусот слики„Од очите на ангелот“ ја отвори во Кавадарци.

Овој град му е омилена дестинација, има многу пријатели и љубители на неговата уметност.Затоа и беше расположен да говори за себе , сликарството, „За очите на ангелот„ за својата приказна .Како ретко кој уметник убаво зборуваше, беше јасен и прецизен во мислата.А во неа тој кажа дека е воспитан од мал и живее како религиозен и конзервативен член на заедницата .Петнаесет години се подготвувал да ги оживее 33-те библиски ликови, од Ева и Адам до Исус Христос.И тоа го направил одлично.

Навистина сите негови дела од последиот опус имаат душа.Како што преку очите ја „читаме“ секоја човечка душа, така и Новица ни овозможува таква корелација со неговите дела.И овојпат тој останува посветен на христијанската тематика, со која повремено не потсетува на нашите корени како македонци.Ние имаме традиција и вековно наследство кое почива на нашатата христијанска религиска.

Во неговите најнови дела, ако се задлабочите ке го видите виножитото, детската едноставност на сликање-која е најтешка затоа што е најискрена,а токму неа Новица го прави препознатлив оригинален македонски сликар.Тој реши ова изложбана остане во Македонија, и неа да може да ја види само нашата публика.Со новиоте дела на Новица Трајковски воочуваме напор за креирање на еден духовен понтонски мост којшто треба инстантно да се инсталира меѓу поставените дела и набљудувачот и во еден момент да се добие чувство за поврзување на човечкото со божественото.

Публиката која беше на неговото отварање очигледно е задоволна од она што го видр.На отварањето за неговото творештво говореше актерот Александар Малинков,а убавта атмосфера која се чуствуваше цело време , со прекрасни музички изведби ја надополнија Менка Богоевска на клавир и Габриела Бачманова на клавир.