Целиот проект е во вредност од 480 000 евра, рече на денешниот прес Вуко Мелов- член на ИО на ОО на СДСМ Кавадари
http://rtk.mk/kavadarci/5160-zatvorena-megjunarodnata-likovna-kolonija-2019.html
„Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани сограѓани,
Инфраструктурното поврзување меѓу градовите, селата и населените места на цела територија на Република Северна Македонија и инфраструктурното поврзување на земјата со земјите од регионот и Европа, претставува стратешки и врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија.
Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и веќе со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој на Република Северна Македонија.
Ветивме и започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура
Ветивме и веќе можеме да се кажеме дека интензивно се работи на изградба или рехабилитација на 350 километри патишта, односно 40 регионални патишта и четири експресни патишта. Покрај ова започната е постапка или градба на три автопати.
По барање на граѓаните го реализиравме проектот кој опфаќа изградба на нов мост и проширување на патот пред и после новиот мост во Ваташа.
Станува збор за мошне значаен проект со кој би се подобрила безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општина Кавадарци. Изградбата на овој мост како и проширувањето и асфалтираањето на патот претставува решавање на повеќе деценискиот проблем со кој се соочуваа жителите на Кавадарци, Ваташа како и компаниите и туристите кои гравитираат во тој регион на Општина Кавадарци.
Целиот проект е во вредност од 480 000 евра. Средствата се обезбедени од страна на ЈП за Државни патишта.
Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме,
Зборот Важи!„- рече денеска на Прес конференцијата Вуко Мелов- член на ИО на ОО на СДСМ Кавадарци.