МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По големата природна катастрофа во Скопско и Тетовско, Кавадарци се вклучува во акција за хуманитарна помош

Природните непогоди се сила против која не може да се справи никој жив. Сведоци сме на една страшна несреќа која 40 години наназад не му се случила на Скопје. Невремето кое однесе 21 жртва меѓу, шестмина се водат како исчезнати и десетици се повредени, невремето во кое околу 1.000 луѓе директно беа погодени од невремето борејќи се за живот со огромното количество вода.Преку телефон може да се донира со повикување на броевите: 070 143 400 и 075 143 400 и 077 143 400, со тоа донирате 100 денари за хуманитарните активности на Црвениот крст на РМ.

Доколу ви е полесно преку сметка. Тогаш за Донација на средства во денари отворена е жиро сметка а ова се епотребните податоци:Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија ...жиро сметка: 300000001327966 даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка.

Општина Кавадарци и градоначалникот ,неофицијално дознаваме,утре понеделник 8 август од 10 до 13 часот организираат голема хуманитарна акција за собирање помош за настраданите во Скопско и Тетовско .Помошта се состои во вода за пиење и средства за хигиена

Градоначалникот и Советот на Општината ги повикуваат сите хумани луге кои ат да помогнат, своите донации да ги достават на пунктот на Градскиот плоштад во Кавадарци Помошта во вакви моменти е многу важна и добредојдена до настраданите, за што кавадарчани многупати, во слични неприлики, се покажале како многу хумани граѓани на ова земја.