Младите од Кавадарци се вклучуваат во помошта за настраданите од невремето во Скопско и Тетовско.
Волонтери од неколку младински организации од овој град вечерва ќе подготвуваат француски помфрит и британски чипс за сите посетители на центарот, а доброволните донации кои ќе ги остават присутните, ќе бидат наменети за поплавените.
Оваа активност е во организација на Младинскиот центар “Креактив”, Младинскиот информативен центар “ИНФО СЕГА” и Советот за превенција против малолетничка деликвенција
-Се повикуваат младите да ни се придружат, да се дружиме а истовремено и да бидеме хумани и да помогнеме, рече Елена Данова од “Креактив”, во изјава за медиумите.
Настанот на кој се очекуваат бројни млади од Тиквешко и неколку странски земји, ќе се реализира во просториите на “Креактив”.
И Здружението "Пантелејмон" од Кавадарци по повод верскиот празник св. Пантелејмон организираше донација во храна и облека за настраданите граѓани во Скопскиот регион. Членовите на ова Здружение исто така, активно се вклучија и во донација на парични средства преку повици на мобилените телефони 143-400 за истата намена, за настарданите во невремето во Скопско и Тетовско.