МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

MАТУРАНТИТЕ ОД КАВАДАРЦИ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕРАТ ДЕФИЦИТАРНИТЕ ПРОФЕСИИ ЗА ПОЛЕСНО ДА СЕ ВРАБОТАТ

Со цел да им се помогне на матурантите да го направат вистинскиот избор за нивното високо образование и професионално ориентирање, Советот на млади на општина Кавадарци организира промотивен настан на кој универзитети и компании од Кавадарци ќе им дадат дополнителни информации за можностите кои ги нудат за учење, стипендирање, практична работа, но и дефицитарноста на професионален кадар со кој се соочуваат.

„Бидејќи сите од нас веќе сме поминале низ целиот овој процес и знаеме со какви се не прашања се оптоваруваат матурантите, решивме на неколку денови пред уписите на факултетите да им помогнеме на идните академски граѓани да го направат вистинскиот избор. За таа цел поканивме претставници од македонските универзитети кои ќе ги презентираат можностите кои тие ги нудат. Исто така, поканивме претставници од најголемите кавадаречки компании кои на младите ќе им ги презентираат можностите за стипендирање и практиканство кои тие ги нудат, но и она што се дефицитарни професии во нивниот бизнис“ - информира Марина Убавкова, член на Советот на млади на општина Кавадарци.

inel_about_us.jpg

Присуството на настанот кој ќе се оддржи во петок, 12 август, со почеток од 18 часот во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ веќе го потврдија универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, компаниите „Фени Индустри“, „Дрекслмајер“ и „Инел Интернационал“, а потврда се очекува и од уште неколку кавадаречки компании, но и факултети од земјата.