МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на манифестацијата “Бели ноќи“ вечерва на 7 септември вратите на Музеј-галеријата ќе бидат отворени за посетителите во старата зграда на Музејот каде што посетителите ќе имаат можност да ги видат поставките: “Чаршијата во Кавадарци некогаш и денес“ и постојаната поставка “Оружјето во Тиквешијата во 18 до 20 век“. Исто така ќе бидат отворени и просториите на новиот музеј на предмети и материјали за производство и приготвување на традиционална тиквешка храна, каде исто така посетителите ќе можат да ја посетат постојаната поставка, како и Спомен собата на еден од најголемите етномузиколози и мелографи во Mакедонија Васил Хаџи Манов.

Музеите ќе бидат отворени од 18 на 7.09. до 02 часот по полноќ на 8.09.2016 година, влезот е бесплатен.