МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пред присутните настапија хоровите “Мирче Ацев“ и “Вардар“ од Скопје, како и пеачките групи при КУД “Васил Хаџиманов“ и Хорот при Здружението на пензионери од Кавадарци.

-Ова е вечер на музиката, вечер која ќе се памети како круна на изминатите шеесет културни денови во Кавадарци, во кои имавме седумдесет културни настани заедно со музејот и библиотеката, рече во своето обраќање Владимир Темков, директор на Домот. Тој нагласи дека завршувањето на манифестацијата не значи и крај на збиднувањата од областа на културата. Притоа најави и нови културни настани, почнувајќи со неколку годишни концерти.