МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вечерва и во вторник два културни настани во чест на доаѓањето на Нова година

По повод Новогодишните празници, во организација на ЈОУ Библиотека “Феткин“ - Кавадарци во петок на 22.декември 2017 година со почеток во 19 часот во своите просториите во Кавадарци организира настан насловен како “Новогодишна ноќ“. Во рамките на настанот предвидена е изведба на детската претстава “Новогодишен грабеж“,работилница - изработка на новогодишни лампиони и читање проследено со драматизација на бајката од Ханс Кристијан Андерсен, “Снежната Кралица“.

На 26.декември 2017 година- вторник со почеток во 13 часот во просториите на Библиотека “Феткин“ Кавадарци се организира концерт на класична популарна музика од творештво на Моцарт, Штраус, Брамс и домашни автори во изведба на квартетот “Коскаров„