„Ова е амбициозен буџет во Општината , со кој се гордеам„, рече градоначалникот Митко Јанчев.Документот за Буџетот беше едногласно усвоен од сите советници.
Без разлика на на големиот број дискусии,на моменти спротивности за одредени позиции,на крајот сите советници беа единствени дека Буџетот е документ за кој размислуваат исто, и на сите им одговара тој да се реализира, заради граѓаните кои ги гласале на последните локални избори, и поради развојната компомена која ја има тој.Во расправата по овој важен документ учествуваа напрвин членовите на Комисијата за финасирање и буџет.Во име на Комисијата советничката Мирјана Гркова рече дека се работи за Буџет тежок 885 милиони денари или над 14 милиони евра, што е досега најголем износ на Буџет на Општинава. За него од позиции на различни аспекти говореа:Виолета Димитрова за вложувања во образованието и здравството, Зоран Јованчев за комуналните дејности,Развигор Кабранов за решавањето на проблемот со паркирање, изграда на градинка и друго,Никола Трендафилов за екологија,Ташо Радњански за претприемиштвото и изградба на локални патишта, а плодни беа и дискусиите на :Анита Гинова Каракутова,Лазар Туриманџов,Блаже Тасев,Драги Николов и Ристо Камчев.Еден дел од советниците имаа конкретни амандмани на кои градоначалникот Митко Јанчев одговори позитивно и ке останат составен дел на Буџетот.
Од неговото не толку долго но концизно експозе во кое опфати речиси се што е планирано в година да се гради или работи на повеќе позиции и проекти. Новини ке биде пред се експедитивноста во работењето на администрацијата и менување од корен на некои состојби кои се од интерес на граѓаните, изгрдадба на нови објекти од значење за граѓаните, најавата за враќањето ан ВВ „Тиквеш„ во Кавадарци„, машинско метење со три нови донирани машини на сите централни улици во градот,поголемо внимание за чистотата на градот и намалување на штетните емисии на загадувачки честички во воздухот,Соодветно внимание за домашните фирми кои ке ги анимира ЛЕР и соодветен третман на странките инвестиции и друго.
Во продолжение советниците усвоија 22 точки.Не доби зелено светло единствено Програмата за работа на Домот на културата - Кавадарци за наредната година.